Од училишен автобус до прекрасен дом

Изгледа дека некој штотуку го направи она што сите, макар и потајно, го посакуваме. Купил училишен автобус, ги искорнал седиштата, вградил кревет и тргнал на тура низ земјата со своите пријатели и семејство. Хенк, студент по архитектура, бил изморен од цртање згради што никогаш нема да постојат, за замислени клиенти и детаљи што не ги разбира. Наместо тоа, решил да ја следи својата замисла во целост. Иако домот е сеуште во процес на изработка и не е комплетно вселив, Хенк е се поблиску до целта. Ве поведуваме на тура низ неговиот пранеменет автобус за да се уверите колку простор може да се креира на само 20 квадратни метри.

 

Следната фотографија комплетно ја прикажува внатрешноста на автобусот. Мебелот е од едноставно дрво, а подот е направен од паркет како во спортските сали. Ниту една од структурите не ја надминува линијата на прозорите, што го прави просторот линеарен, естетски пријатен и отворен кон надворешната светлина.

 

Структурата на прозорите, од една страна, додавала на отвореноста на просторот, но од друга, била проблем за приватноста. Хенк нашол одлично решение. Вградил проѕирни заштитни панели во ѕидовите, кои можат да бидат подигнати со магнети. Ова овозможува целосна приватност, но и изолација, проток на природна светлина и панорамски поглед кон надворешноста.

 

На кровот се додадени два помали прозора, кои додаваат голема доза на природна светлина.

 

Возачката кабина не е многу променета, но може да биде одделена со лизгачки панели.

 

Просторот за седење е вешто направен и зазема 4 прозорски крила. Зафаќа најголем простор од автобусот, а се состои од 4 широки седишта на двете страни по должината. Предните седишта можат да се пренаменат во спална постела, додека седиштата кон задниот дел можат да бидат подигнати во работни и трпезариски површини. Последното седиште содржи складирачки простор.

 

На крајот на автобусот има два кревета, на секоја страна од телото, со одличен простор за складирање под нив и на страната кон просторот за седење. Креветите исто така можат да бидат споени во спална постела за двајца. Во автобусот можат да спијат вкупно 6 луѓе.

 

Кујната засега е опремена само со неколку шкафчиња и со обичен мијалник кој работи со пумпа. Во иднина Хенк планира да стави вграден ладилник и плинско шпоретче за готвење.

 

Преносливиот тоалет е делумно заграден со ѕид, за да и даде приватност на оваа мала бања.

A portable toilet hides behind a wall to give privacy in this small bathroom space.

 

Следува видео во кое Хенк Бутита го објаснува проектот.

- Реклама -