Од среда, полициски час од 16:00, викенд 24 часа

Од среда во целата земја полицискиот час ќе биде од 16 до 05 часот, според најновите мерки што ги презема Владата за заштита на граѓаните од ширењето на заразата со коронавирусот.

Движењето за време на викендите ќе биде целосно забрането, односно полицискиот час ќе биде во сила 24 часа.

Оваа информација пред малку ја сподели вицепремиерот Бујар Османи преку својот профил на Фејсбук.

- Реклама -