Од романса до валкани чорапи за само 31 месец

Повеќе...

Велат дека првата брачна криза доаѓа по 7 години, барем така тврдат психолозите, но новопечените брачни парови се соочуваат со првата препрека многу, многу порано.


romance-clock.jpg

Велат дека првата брачна криза доаѓа по 7 години, барем така тврдат психолозите, но новопечените брачни парови се соочуваат со првата препрека многу, многу порано.

Романсата на просечен пар умира по сѐ на сѐ две години од моментот кога ќе застанат пред олтар, тврдат резлултатите од истражувањето на онлајн компанијата Оnepoll. По оваа временска точка, ако не е мртва, романсата е барем болна затоа што сопрузите повеќе време трошат на тоа да бидат поуредни одошто романтични, додека пак сопругите престануваат да се разубавуваат за својот партнер.
До третата годишница од брак 83% од паровите веќе и да не го слават денот на венчавање, покажуваат резултатите спроведени на 5000 сопружници. Седум од десет мажи признале дека до толку се опуштиле покрај нивните женички што често си ги оставале чорапите, панталоните и валканиот веш насекаде по домот. Дури 79% од нив признале дека веќе не го спуштаат капакот од веце шолјата, а 66% од жените изјавиле дека веќе не се ни трудат  да бидат убаво облечени, а не па да се шминкаат.
Во првите месеци од бракот 83% од паровите се држеле за рака додека шетаат, а по 10 години бројката паѓа на 38%. Загрижувачки 60% не отишле на романтична вечера откако се венчале. [Two years, six months and 25 days]

- Реклама -