Нема поубаво нешто на светот од тоа да си родител. Има толку работи за кои што немате поим на почетокот и се ви се чини страшно … додека не настапи еден момент во кој секое нешто е ситница, а не крајот на светот:
Јадење:
Првото дете – сè е стерилизирано.
Второто дете – од време на време се мие и се следи да не јаде од чинијата на мачката.
Третото дете – ако изеде храна за мачки, тоа веќе е проблем на мачката.
Облека за мајката:
Првото дете – купувате облека за бремени жени, дента кога сте го виделе првиот позитивен тест.
Второто дете – ја носите секојдневната облека додека не ви се намали навистина.
Третото дете – облеката за бремени е вашата секојдневна облека од години.
Облекување на детето:
Првото дете – Перење и редење во гардероберчето по бои.
Второто дете – Се пере само облеката со видливи дамки.
Третото дете – „Голема работа, што ако момче носи розова блуза, нели?”.
Плачење:
Првото дете – само ако ја искриви устичката, веќе сте го зеле в рацете.
Второто дете – го земате на раце само ако постои опасност со викотниците да го разбуди првото дете.
Третото дете – го учите првото дете да го заспива третото.
Пелени:
Првото дете – менувате пелени на секој час, независно од потребата.
Второто дете – менувате на 2-3 часа, само доколку е потребно.
Третото дете – менувате кога околните ќе почнат да се жалат на мирисот.
Вашето време со децата:
Првото дете – речиси постојано се занимавате со него и со неговиот развој.
Второто дете – секој ден земате малку време, за да се одморите.
Третото дете – Постојано сте во потрага по тајно ќоше во домот, во кое ќе можете да се сокриете од децата.