Од пролет, нова озонска дупка

Arktika[1]

Необично длабока дупка во заштитниот озонски слој би можела да се отвори над Арктикот оваа пролет, пишува британскиот Independent.

Научниците веруваат дека преостанатите загадувачи во атмосферата и ладниот воздух се во процес на создавање рекордно голема озонска дупка. Моментално владее голема загриженост околу можниот ефект на дополнителното ултравиолетово зрачење по луѓето и екосоставот, особено на подрачјето под дупката.

Маркус Рекс, од Институтот Алфред Вегенер во Потсдам, изјави дека до следната недела околу 25% од арктичкиот озон би можел да биде уништен. Според него, сé укажува на тоа дека дупката во текот на годинава ќе биде поголема од оние забележаните во 2011-тата.

Стравот произлеува од тоа што над Арктикот се забележани облаци во бои на виножитото, а ниските температури што ја кондензираат азотната киселина се главен фактор за нивото настанување. Рекс истакнува дека да – облаците се прекрасни, но истовремено и опасни. Имено, таквите облаци овозможуваат хемиска реакција на хлорот, кој може да реагира под дејство на сончевата светлина и да го уништи озонот.

Освен по тамошните жители, озонската дупка може да има негативен ефект и на океанските фитопланктони кои цветаат во Арктикот за време на пролетта. Фитопланктоните се еден од најважните делови на океанскиот екосистем, а и на екосистемот на целата планета. Тие произведуваат повеќе од половина од кислородот на Земјата, а некои проценки сугерираат дека тој процент е многу повисок – 85%.

- Реклама -