Од половен автобус, до топло засолниште за бездомници

Студот ги гушна улиците, па крајно време е да се мисли на бездомниците и да им се помогне со топол кревет.

Некои луѓе тоа всушност го прават. Две жени од Британија, челници на добротворната група The Rucksack Project, се вклучија во трендот на половни автобуси адаптирани во засолништа за бездомници. Во нивниот случај најубавото (после здомувањето на бездомници) е што ја привлекоа и целата заедница да работи со нив.

Осум месеци, 8.000 долари (кога би им се платила и работната рака на доброволците вкупната сума би била некаде околу 33.000 долари) и околу 70-80 работни часа подоцна, автобусот е готов. Наместо 72 седишта, сега има 12 кревети и функционална кујна. А и винце на пултот, ако добро видовме на една од сликите во продолжение.

 

- Реклама -