Од полноќ за три денари поскапи бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство

Скопје, 24 март 2022 (МИА) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за по три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,60% во однос на одлуката од 23.03.2022 година“, соопштија вечерва од Комисијата.

Согласно одлуката, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,571 ден/кг и сега ќе изнесува 55,163 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,944 отсто, кај дизелот за 5,650 отсто, кај екстра лесното масло за 5,694 отсто и кај мазутот за 3,588 отсто.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Од РКЕ велат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,059 проценти.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.3.2022 година и потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

- Реклама -