Од полноќ дизелот поскап за два денара

Скопје, 25 март 2022 (МИА) – Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе продолжи да се продава за 82, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 84, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 81 денар за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,044 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 56,207 денари.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Како причина за новите малопродажни цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во просек за 1,322 отсто кај бензините и за 3,21 отсто кај дизелот, како и за 0,016 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

- Реклама -