Од 1. јануари 2016 година секој кој има телефон постар од пет години нема да може да проверува што има ново на Фејсбук, Твитер, а нема да има пристап ни до Гугл.
Имено, повеќе од 40 милиони луѓе ќе ја платат цената на поголема сигурност на интернет и се повеќе ограничувања на правата на приватноста.
Причината поради која што голем број луѓе ќе останат без интернет е во новата енкрипција на страните кон кои сакате да пристапите, а кои ќе ја променат својата политика во првиот ден од 2016 година.
Проблемот е во последната верзија на алгоритмите кои служат за проверка на автентичноста на датотеките или пораките за време на преносот помеѓу испраќачот и примателот. SHA-1 (Secure Hash Algorithm) верзијата повеќе не е сигурна, па надлежната CA/Browser Forum група од први јануари повеќе нема да ја издава, туку ќе воведе SHA-2 верзија.
Во развиените земји оваа промена нема да претставува проблем, но според истражувањето на Facebook и CloudFlarea во некои земји до седум проценти од корисниците би можеле без никакво претходно предупредување да останат без пристап на популарните друштвени мрежи и останати страни.
Единствено решение кон овој проблем е доколку имате уред постар од пет години, на време да го надградите постоечкиот интернет истражувач ( доколку постои можност), инсталирајќи некој друг пребарувач или да купите некој посовремен модел.