Од несреќа во среќа! Кој би рекол дека несреќата ќе те прослави (ВИДЕО)

Можеби веќе сте слушнале и сте се запознале со неверојатната приказна на Фране Селак, кој е исто така познат како најсреќниот несреќен човек во светот.
Фране Селак е со потекло од Хрватска и е роден далечната 1929-та година. Тој е наставник по музика кој тврди дека ја избегнал сигурна смрт дури седум пати, а потоа во 2003-тата добил милионска сума на лотарија, па тоа ги довело новинарите да се запрашаат дали тој е „најсреќниот човек на светот“, или „најсреќниот несреќен човек на светот“.

Компанијата „This & That Visuals“ со седиште во Њујорк, направи анимирано видео од интересната и неверојатната животна приказна на Фране.

Да потсетиме Фране има преживеано несреќа со воз, авион, автобус, кола, повторно кола, и последната излетување со кола во бездна, но чудесно и навистина среќно сите ги преживеал, за на крај да добие 800.000 евра на лотарија.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Со парите кои ги добил на лото имал намера да си осигура убав и удобен живот, па си купил куќа, викендица, брод и автомобил, а не штедел и во трошењето пари за најблиските пријатели и роднини. Сепак, денес од милионите на Фране не останало ништо. Но тоа не го спречува да остане на позицијата „најсреќниот несреќен човек на светот“.

- Реклама -