Секоја жена некогаш во животот се нашла во ќорсокак во љубовта и машко-женските односи. Кога се ќе отиде во неповрат, а притоа ќе останете и без објаснувања, тешко е да се извлече продуктивна лекција, особено ако главната причина се вашите несвесни пропусти. И така, него го нема, а вие трагате по одговори, најчесто со пријателките. Можеби е добра идеја да ја слушнете и машката страна?
Дејвид Гуд, во книгата “The Man Code: A Woman’s Guide to Cracking the Tough Guy”, зборува во име на машката популација и ви открива кои ваши особини се фатални за врската и го оддалечуваат вашиот сакан од вас.
Сакате да го промените.
Жените често започнуваат врска очекувајќи од мажот да промени некои нешта. Ако тој ги направи, користа од тие промени мора да биде најголемата причина. Се останато може да ви се врати како бумеранг, бидејќи ако го (на)терате да се одрече од се што го прави среќен и е во основата на неговата личност, лесно може да заклучи и дека му е подобро без вас.
Попување со безначајни ситници.
Љубовта е како покер, треба да внимавате кога ќе ги покажете емоциите. Некогаш е подобро да ги сочувате за себе. За мажите се важни општите теми, додека жените се склони кон детали. Како и да е, во неговите постапки најчесто нема скриени намери. Ако е излезен со другарите, само е излезен со другарите.
Секс на првиот состанок.
Можеме да полемизираме, ама тоа е вистината. Ако жената понуди секс уште на првиот состанок, веројатно секој маж ќе и замери. Жената што ќе го остави само со бакнеж за добра ноќ и ќе го остави да почека е многу повозбудлив предизвик. Се разбира, секогаш постојат исклучоци.
Повторување додека се изгуби смислата.
За љубовта треба да се зборува „тивко“. Во превод, тоа е она што го правите кога никој не гледа, кога ќе го фатите за рака сакајќи да му кажете дека се ќе биде во ред. Ако пречесто велите „те сакам“, зборовите ќе ја изгубат смислата и ефектот.
Нелојалност.
Лојалноста е особено важна во машкиот живот, било да се работи за љубовта или пријателството. Ако сте нелојални кон вашите другарки и пријателки, мажот веројатно ќе заклучи дека такви сте и кон него.
Не се чувствува како заштитник.
Жените постојано потсетуваат дека сакаат да се чувствуваат сигурно со саканиот. Но исто така, мажот сака да знае дека токму тој е причината за таа така да се чувствува. Не заборавајте да го потсетите.