Овој рецепт некогаш нашите баби го подготвувале како прилог со свечен ручек.
Состојки: 1 кг. компири, 2 млади кромидчиња, 300 г. црвен кромид, две гранчиња рузмарин, 4 лажици масло, сол, бибер.
Подготовка: Излупете ги компирите и секој од нив пресечете го на половина. Младиот кромид пресечете го на кругчиња, а црвениот во должина. Рузмаринот измијте го и исчистите, извадете ги игличките и ситно исецкајте го.
Загрејте масло во поголемо тавче. Пропржете ги црвениот кромид и компир околу десетина минути со постојано мешање. Додадете го младиот кромид и пржете уште десет минути. Посипете и рузмарин, а потоа сипете малку вода и оставете да се динста уште десетина минути.