Од кираџии станавме господари во сопствениот дом

Сите важни и клучни одлуки за државата мора консензуално да се донесуваат. Дyи е двигател на политичките процеси и ќе биде одлучувачки фактор и за новата Влада, но нема да биде партнер со оние кои нема да го почитуваат Рамковниот и Преспанскиот договор – порака која ја испрати старо-новиот лидер на партијата, Aли Аxмети на конгрес кој се одржа во Скопје.

Пред присутните симпатизери, членови, поранешни, но и актуелни функционери, но и гости од владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Аxмети додаде дека пропагираат помирување, а не конфронтација.

„Ние сме за помирување и консензуално одлчучување за сите важни прашања за Р. С.Македонија. Оној кој нема да го Почитува Рамковниот и Преспанскиот договор не може да биде партнер со нас. Од кираџии станавме господари во сопствениот дом. Многу политички противници сакаат да се на наше место но не им успева. Дyи делува како орелот кој ја прати и следи својата цел“ – рече Аxмети.

На конгресот на кој беше избрано и новото партиско тело, партиската Изборната комисија, како и Националниот совет во кој учествуваат познати имиња од јавниот живот од земјава и странство, Аxмети подвлече дека ова е само конгрес кој става печат за нови победи на престојните избори на кои ДYИ е веќе познато дека ќе настапи сама.

„За 18 години постоење имаме 16 победи. Овој конгрес ќе стави печат на уште една нова победа за ДYИ. Ние сме двигатели на политичките процеси во земјава. И ќе победиме на 12. април“ – изјави лидерот на ДYИ.

Ова е четврти конгрес на ДYИ кој се одржа во Скопје, а беа донесени и резулуциите за консензуална интеграција, ветинг, квалитетен живот, развој и работни места со акцент пред се на младите.

Претходно, партијата веќе избра целосно нов состав на младината и женскиот форум, нови претседатели на ограноци и нови претседатели на подограноците.

Различно од досегашните настапи на ДTИ не доминираше само националната иконографија, го имаше и македонското знаме, а на старо-новиот лидер му аплаудираа и поранешни функционери на ДYИ.

Видео

- Реклама -