Околу историјата на средниот прст

Queen-Elizabeth-Showing-Flip-Off-Funny-Picture[1]

Средниот прст е најстариот навредлив гест меѓу луѓето. Од каде потекнува и како настанал – не се знае. Кружат некакви приказни за битката кај Аженкур меѓу Англичаните и Французите, ама тоа се чисти измислици. Тоа што го знаеме за средниот прст е дека означува пенис (тупаницата под него се смета дека ги претставува тестисите). Зошто пенисот е толку навредлив, ќе мора да ги прашаме претците.

Како и да е, средниот прст е сеприсутен. Го користат раперите и панк и рок ѕвездите, ама и возачите кога сакаат да ги искажат своите комплексни емоции додека се на автопат. Како и ѓаволот лично, средниот прст има многу форми и имиња, ама Римјаните и средновековна Европа го знаеле како digitus inpudicus или digitus infamis т.е. „непристоен гест“. Август Цезар, на пример, му има дадено клоца на еден забавувач откако овој му покажал среден прст на еден хеклер (досаѓач од публиката). За лудиот император Калигула, пак, познат по тоа што носел женска облека и што убивал без дискриминација, се вели дека ги терал непријателите да му го бацуваат digitus infamis-от, како начин на демонстрирање на својот кралски презир… барем додека еден од тие непријатели не му збрцал нож во вратот.

И пред Римјаните, средниот прст се сретнува кај атинскиот драматург и комедијант по име Аристофан, кој создал енергичен и жив лик што на Сократ ќе му покаже среден прст, како одговор на сите тие досадни и иритантни прашања што Сократ знаел да ги поставува. Неизоставен дел бил и од руската и арапската култура, но во варијанти што денес се тотално надвор од мода.

Шипак

шипак
Доказ дека шипакот е вроден.

Шипакот е привремена верзија што се користи додека си дете, па до моментот кога си доволно голем да не можат да те истепаат ако покажеш среден прст. Чат-пат уште се наоѓа по некое старо чиче што ја користи таа верзија – остаток од време кога луѓето имаа повеќе срам и перде. Денес на шипакот се гледа со потсмев, како на одвај навредлив, демоде и детски гест. Затоа нема да ти го покажат во сообраќај или да го видиш во раперски спот.

Шипак за господ

За Данте, шипакот бил познат како le fiche, а му има посветено внимание во Божествената комедија. Некаде во осмиот круг на пеколот, каде непокајливите крадци ги јадат змии и гуштери, Данте сретнува грешник по име Вани Фучи. Фучи раскажува за својот живот исполнет со криминал, а на крајот ги крева тупаниците во воздухот, покажувајќи му дупли шипак на господ. Фучи не добива ништо од тоа – веднаш потоа е растргнат и задушен од влекачи. За Данте, пак, ваквиот бесполезен гест е олицетворение на горделивоста и непослушноста на гревот. Очигледно шипакот бил мошне популарен во негово време – доволно популарен за во Тоскана да биде донесен закон за казнување на секој што ќе биде фатен како покажува шипак пред икони од Бога или од Богородица.

Многуте значења на шипакот

Во античка Грција, шипакот не бил навреда за боговите или луѓето, туку гест за одбрана од црна магија и за одбивање на злобните погледи/уроци. Во такво својство се користи и денес во Бразил и Португалија, каде што стои како симбол на многу амајлии за добра среќа. Во северна Европа, шипакот се смета за сексуална покана – која може да биде прифатена или одбиена, во зависност од ситуацијата и поканувачот. Во модерна Грција, како и во Франција, Турција и многу други – шипакот знае да биде подеднакво „добра“ причина за физичка или вербална пресметка како и средниот прст.

За посилен ефект, користете две раце 

article-1315420-0B592BA2000005DC-903_468x419[1]

Она кога со едната рака ја преклопувате внатрешната страна од лактот на другата, во стил на „еве ти го, на!“, во Бразил го викаат „the banana“. Се смета за поексплицитна и поизразена верзија на традиционалниот среден прст, со засилен имапкт заради користењето на двете раце. Денес ретко се користи, бидејќи може да ти летне смартфонот.

- Реклама -