Филипе Кутињо беше главен играч во Ливерпул, но неговата кариера тргна во надолна линија откако Барселона силно притисна и плати 120 + 40 милиони евра за неговите услуги во јануари 2018.
Бразилецот никогаш не се наметна на Камп Ноу, а имаше и неуспешна кратка авантура во Баерн Минхен.
Вториот дел од сезоната 2021/22 го помина на позајмица во Астон Вила, каде на момент потсети на старата добра форма, и си обезбеди перманентен трансфер на „Вила Парк“.