Дали ќе мора да го напушти реалното шоу и да се откаже од борбата за прво место? Криминалецот Кристијан Голубовиќ, еден од фаворитите на овогодинешната Фарма го чека отслужување на затворска казна од 4 години и еден месец.
Иако претходно беше наведено дека фармерот мора да го напушти имотот на 3 октомври, српските медиуми пишуваат дека правниот тим на Кристијан поднесол молба за одложување на затворската казна, како и за исполнување на условите истата да биде усвоена.
Се очекува денеска или на 5-ти да се одлучува по ова прашање. Неговиот адвокат вели дека никому до сега не му било одбиено барањето по тој член и став, освен кога се воспоставувало дека некој има фиктивен договор, а целиот свет гледа дека Кристијан е учесник во реалити шоу и би го загрозил истото доколку се донесе спротивна одлука.
Адвокатот му дал на судот оригинален документ од договорот со телевизија Пинк.