Ова е Шарлот Идс. Во април 2013-та, на нејзини 16 години, ѝ откриваат редок тумор од тип 3 во мозокот.
„Никогаш не знаеш дали животот ќе ти тргне на полошо… Но еве сум овде, уште се борам, и не верувам дека ќе одам некаде наскоро…“
Идс почнува да го гледа животот од нова перспектива. Во 2014-та почнува свој Јутјуб канал, на кој зборува за нејзините омилени нешта: убавина, мода, чанти. Тоа ќе ѝ помогне да се избори со својата анксиозност и да ја изгради својата самодоверба како никогаш порано…
„Сé околу мене ценам 1.000 пати повеќе отколку што ценев претходно“.
Во текот на две години, Шарлот снима 112 видеа и собира над милион прегледи.
„Не знам колку долго ќе бидам овде, но за секој ден што го имам се будам благодарна и со насмевка на лицето. Навистина верувам дека ќе бидам овде со години, додека наполнам 90“…
Меѓутоа, во септември 2015-та сé се менува. Ѝ наоѓаат нов тумор, кој за само шест недели пораснува од 3 милиметри на 3 сантиметри. Ѝ соопштуваат дека се работи за глиобластома мултиформа од IV степен, познат и како „терминатор“. „Termination“ во превод значи „исклучување“…
Оттогаш работите одат надоле. Шарлот има проблеми со рамнотежата и видот – сé гледа дупло. Меѓутоа продолжува да снима, овојпат и за да го документира тоа што ѝ се случува. Во видеото ќе видите колку сериозна е деградацијата…
Шарлот умира на 24 февруари 2016, на свои 19 години. Нé остава со порака: Сакајте си го животот и блиските, и ценете го тоа што го имате. Сега.