Од денеска во Црна Гора се забранети пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба

Според законот, покрај најлонските кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластичен прибор за јадење и одредени кутии за пакување на храна

Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба од денеска се забранети за употреба во Црна Гора, согласно Законот за управување со отпад. За непочитување на таа законска одредба се предвидени казни од илјада од 40 000 евра.

Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април годинава, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние кои се однесуваат на пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за шест месеци од денот на стапување во сила.

Според законот, забранета е употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина на ѕидот од 15 до 50 микрони, на продажното место на стоки или производи. За кеси со дебелина на ѕидот поголема од 50 микрони се плаќа такса од 0,03 евра.

Покрај најлонските кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластичен прибор за јадење и одредени кутии за пакување на храна.

Законот предвидува и посебни давачки за депонирање на мешан комунален отпад, бидејќи целта е да се намали депонирањето на отпадот на депониите.

- Реклама -