Од денеска светот е фудбал

Спортскиот настан на годината започнува. Светот ќе биде фудбал од 12 јуни до 13 јули 2014 година во Бразил. Светското првенство во фудбал за мажи е најголемиот спортски настан во светот и се одржува на секои четири години од неговото основање во 1930 година, со исклучок на 1942 и 1946 година.

Победникот на светските првенства во фудбал ќе ја добие сумата од 35 милиони американски долари. Другиот тим финалист пак ќе се здобие со 25 милиони долари. Третите во скалата ќе соберат  22 милиони, а четвртиот 20 милиони долари.

Вечерва од 22 часот по македонско време се игра првиот натпревар од Светското првенство во фудбал. Најголемото чекање е завршено. Домаќинот Бразил ќе игра против Хрватска на стадионот во Сао Пауло.

Водечката спортска обложувалница „Спортингбет” му дава предност на домаќинот Бразил.

Прочитај повеќе: Ова се фаворитите за голмајстор на Светското првенство во Бразил

Бразилскиот национален тим е единствениот национален тим, кој што учествувал на сите 19 одржани досега светски првенства.

256848.jpg

Мундијалот во Бразил 2014 е најскапото Светското првенство во фудбал одржано некогаш. Неговата организација чини околу 14-16 милијарди долари. За споредба последните три првенства  чинеа доста помалку: во Јапонија и Јужна Кореја 2002 – 5 милијарди долари, во Германија 2006 година – 6 милијарди долари и во Јужна Африка во 2010 година – 4 милијарди долари. Ова се должи на инвестицијата на бразилската влада во инфраструктурата и мерките за намалување на криминалот. Парите ги покриваат и реновирањето и изградба на нови стадиони, обезбедување на транспорт и подобра безбедност на Мундијалот. Во 2013 година во земјата беа организирани бројни протести против големите трошоци кои беа направени од Бразил.

48 часа пред отворањето претседателот на Бразил Дилма Русеф изјави дека земјата е подготвена за Светското првенство: „Има луѓе кои што тврдат дека ресурсите за Светското првенство би требало да бидат насочени за здравство и образование. Ги слушам и ги почитувам овие мислења, но не се согласувам со нив. Тоа е погрешна дилема. Од 2010-та година износот на средствата инвестирани во Бразил за образование и здравство, е 212 пати поголем од обемот инвестиран во стадиони. ”

Секоја година првенствата имаат свој маскота. Овој пат тоа е Фулеко. Во улога на маскота животното ги носи боите на бразилското знаме и маичка со натпис “Бразил 2014”. Маскота на претходните две светски првенства исто така беа животни – Леопардот Закуми во Јужна Африка и лавот Голео во Германија.

- Реклама -