Од денеска се кaзнyва непочитување на уредбата за носење на заштитни маски

Од денеска почнува да се кaзнyва непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема, потсетува министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.

Задолжително е носење на маска, марама или шал на устата и носот, во сите јавни објекти: државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции.

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание).

Заштитна опрема не е задолжителна ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри, потсетува Филипче.

„Да ги почитуваме мерките! #ЗаштитиСе“, апелира тој.

- Реклама -