Од ден на ден сѐ повеќе казни за неносење маски, рекорден број во изминатите 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие (30/31.05) на територијата на Република Северна Македонија на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација, соопштуваат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Од ден на ден сѐ повеќе се зголемува бројот на казни за неносење на лична заштита. Како што информираат од МВР, во последниве 24 часа регистрирани се 673 прекршоци. Вчера нивниот број изнесуваше 562, додека завчера беа казнети 440 граѓани. Во четвртокот беа регистрирани 461 прекршоци, а во средата 284. Во вторникот биле регистрирани само 18 такви прекршоци, а во понеделникот 82.

Прочитајте и:  Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки

Нешто поголем број казнети имаше минатиот викенд, за 23 и 24 мај. На 24 мај за неносење маски се казнети 255 граѓани, додека ден претходно се регистрирани 205 прекршувања.

Фото: Макфакс

- Реклама -