Од 24 август започнува СМС наплатата за паркирање

parkiranjee.jpg Граѓаните од 24 август оваа година ќе можат да ги паркираат своите
автомобили во веќе дефинираните зони во централното градско подрачје на
Скопје со испраќање СМС-порака на бројот 144 144 од мобилните телефони,
а од 1 септември услугата ќе биде достапна и во другите зони.


parkiranje.jpgГраѓаните од 24 август оваа година ќе можат да ги паркираат своите автомобили во веќе дефинираните зони во централното градско подрачје на Скопје со испраќање СМС-порака на бројот 144 144 од мобилните телефони, а од 1 септември услугата ќе биде достапна и во другите зони.

Со ова почнува првата фаза од воведувањето на системот за зонско паркирање и системот за СМС-паркирање „Паркнау“, во која ќе бидат опфатени три паркинг-простори, два во првата зона на улицата Даме Груев пред полициската станица „Беко“ и паркиралиштето зад Собранието, како и еден во втората зона на паркингот зад хотелот „Бристол“.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa

На новата интернет-страница www.parkiraj.mk граѓаните ќе можат да се запознаат со сите детали за начинот на функционирање на зонското паркирање и како преку мобилните телефони ќе се врши наплата на паркинг-местото.   извор: Нова Македонија

 ПАРКИНГ ЗОНИ | ЦЕНИ | KAKО СЕ КОРИСТИ

- Реклама -