Од 1 јануари 2019 бесплатно болничко лекување за сите, вети премиерот

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, премиерот Зоран Заев најави дека од почетокот на следната година, сите граѓани на Македонија ќе добиваат бесплатно болничко лекување.

Тој вели дека досега државата имала можност ова да им го овозможи на децата на примателите на социјална помош, но благодарение на позитивните реформи, од 2019 година освен што овој бенефит ќе го користат сите граѓани, ќе има и покачување на платите на лекарите специјалисти.

– Верувам дека ќе има доволно капацитети Буџетот и во почетокот на февруари, кога лекарите ќе ја добијат јануарската плата, да имаат вкупен приход од 100 илјади денари. Ако успееме до 2020 година да ги подобриме буџетските перформанси, ќе продолжиме, на лекарите специјалисти без дежурства, да им обезбедиме 100.000 денари месечен нето приход – рече Заев.

Прочитајте и:  Покачувањето на пензиите во март догодина ќе значи зголемување на трошоците за 862 милиони денари месечно

Е.Д.

- Реклама -