Обвинителството за приведувањето на Богоев: Акцијата сè уште продолжува, дополнителни информации не можат да се објават.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во соработка со Управата за финансиска полиција, започна акција поради основано сомнение за извршени кривични дела од коруптивен карактер. Според информации од ОЈО, акцијата е во тек и деталите не можат да се споделат додека трае постапката.

Како што пренесува „Скопје1“, меѓу четирите лица вклучени во денешната акција се наоѓа и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој неофицијално е приведен. Првичните информации укажуваат на тоа дека предметот се однесува на сомневања за местење тендер и неправилности во постапките за јавни набавки поврзани со Царинската управа. Осомничените се обвинети за злоупотреби, финансиски малверзации и други незаконски активности поврзани со спроведувањето на тендерската постапка.