Обвинителството отвори предмет за палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга информира дека оформило предмет по допрен глас во врска со запаленото знаме на Република Бугарија за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал

Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.

Притоа, надлежен јавен обвинител издаде наредби до СВР Струга со цел утврдување на идентитетот на сторителот, како и идентификација на други присутни на настанот. Во исто време, по наредба на јавен обвинител ќе бидат обезбедени евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на кривично – правниот настан, информираат од обвинителството.

Според членот 181 од КЗ, за лицето што го запали предвидена е парична или казна затвор до 3 години.

 

- Реклама -