Здравјето на бубрезите е од витална важност за целокупната состојба на организмот, како и за долговечноста. Но, секојдневното внесување храна и пијалоци може да ги оптовари. Ако сакате да го исчистите телото од токсини и да им помогнете на бубрезите да ја извршуваат својата работа без проблеми, пробајте го овој здрав, вкусен и диетален оброк во чаша.
Што работат бубрезите?
Верувале или не бубрезите дневно филтрираат околу 200 литри крв, а сето тоа да ги исфрлат токсините од неа. Тие се „софистициран уред“ за обработка кој секој ден од крвта излачува околу 2 литри отпадни и некорисни супстанции и вишок вода која потоа се претвора во урина.
Што им штети на бубрезите?
Кога бубрезите се преоптоварени со токсини, може да дојде до болести на бубрезите и мочниот меур, токсините ги внесуваме во форма на храна и пијалоци. Луѓе со највисок ризик за развој на бубрежни болести се оние со дијабетес, висок крвен притисок или семејна историја на болести на бубрезите.
Кои се најголеми непријатели на бубрезите?
Животински протеини
Сол
Генетски модифицирана храна
Вештачки засладувачи
Газирани пијалоци
Млечни производи
Кофеин
Цигари
Оброк во чаша за чистење на бубрезите
Состојки: 1/2 лимон, 1 киви, 1/4 шолја ореви, 1 банана, 1/2 шолја свеж магдонос, 1 шолја вода
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер, додајте вода. Измиксајте добро и ставете го пијалокот во чаша.
Совет: Ако сакате да го збогатите оброкот, додајте половина авокадо и шака млад спанаќ или кељ.