Обновената BMW серија 5 во Шангај

Подобрена верзија на BMW 5 ќе биде премиерно претставена на 20 април за време на автомобилскиот салон во Шангај. На интернет просторот се појавија некои фотографии, превземени од германското издание Auto Zeitung, кое тврди дека се официјални.

На кадрите не е кинеската модификација на обновената BMW 5, туку глобална верзија, која ќе се нуди на светските пазари, се наведува во информацијата. Како што може да се види од фотките обновената BMW 5 има минимални промени кои се изразуваат со лесни стилски акценти, како во предниот, така и во задниот дел. Напред, на пример, се гледаат промени кај браникот, има дополнителни хромирани акценти, а и светлата се со поинаков дизајн. Очигледно е дека се нови и магленките, како и LED дневните светла. Во задниот дел промените се слични – различни издувни цевки и малку модифициран браник. Обновениот автомобил, од она што веќе се напоменува од Минхен, ќе се нуди исто така со нови тркала, а ќе се одликува и со лесни промени во ентериерот поврзани претежно со технологијата ConnectedDrive.

551_bmw-3-470-1

Што се однесува до моторите, тие ќе бидат слични со предложените во моментов. Одредените промени кај седанот BMW 5 ќе бидат воведени малку подоцна и кај другите две верзии – Touring и GT.

Производството на обновениот модел ќе стартува во јули. Повеќе детали очекувајте за време на премиерата.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -