Сушењето на облеката на радијаторите во домот може да биде лошо по вашето здравје, предупредуваат експертите.
Научниците од Глазгов предупредуваат дека 5 килограми испрана облека со текот на нејзиното сушење ослободува околу 2 литри влага во водухот, што е еднакво на една третина од вкупната влага во слабо проветрените простории.
Со тоа се создаваат идеални услови за развој на мувла и габи кои што можат да ја влошат состојбата на астматичарите.
Фактот што луѓето се одлучуваат да ја сушат облеката на радијаторите од парното греење им носи две негативни последици, зголемена потрошувачка на топлинска енергија и потенцијален ризик по здравјето.
За да се намали ризикот по здравјето, на луѓето им се препорачува да ја сушат облеката надвор од просториите за престој или во машини за сушење.