Правила за облекување со кои ќе изгледате помладо

Иако со годините облеката и стилот мора да се менуваат, сепак, тоа не значи дека треба да се затворате во строги костуми и екстремно долги здолништа и кошули. Едноставно, комбинирајте трендовска со посериозна облека за да изгледате помладо.

Модни додатоци

Освежете го вашиот класичен стил со интересни нараквици или обетки, џемперот со долги ракави искомбинирајте го со здолниште со тигрест дизајн и ќе создаде впечаток дека сте млада жена.

Сокријте ги килограмите

Парчето гардероба кое ќе го направи тоа, треба да го крие вашето стомаче и нозете да ги направи да изгледаат подолги и послаби. Интересен предлог е кратка исечена јакна.

Стилови

Направете баланс меѓу различни стилови – парче облека кое на себе има женствен детаљ, одлично ќе се искомбинира со чизми со метални делови и со бодликаво ланче.

Покажете ги нозете

Скратете ги долгите фустаните со долги ракави, а за оние срамежливите се препорачува под фустанот да облечат црни панталони.

Откријте ги рамениците

Ослободете се од несигурноста и слободно покажете ги вашите адути. Прав избор за вас е ролка без ракави.

Одберете ги вистинските фармерки

Најдобро решение се темни слим-фармерки. Комбинирајте ги со рамни кратки чизми и ќе изгледате сјајно.

- Реклама -