Како да се облекувате ако имате голем задник

Независно од тоа дали сметате дека под добро тело се подразбира комбинација од минијатурен задник и големи гради, ако имате голем задник дефинитивно сте во предност. Прифатете ги вашите квалитети и научете како да се облекувате за вашиот голем задник да не изгледа нападно.

Покажете го!

Навистина, која е поентата на убав задник ако никој друг не знае за тоа? Во добро одбрани фармерки или тесно здолниште ќе го нагласите вашиот атрибут на убав начин.

Инстантно тонирање

Веројатно сите знаете за ова до сега, но во случај некој да пропуштил – потпетиците прават да чекорите различно. Тоа во овој случај значи дека вашиот задник би изгледал уште подобро кога ќе носите потпетици. Тие прават да изгледате како секојдневно да вежбате, без тоа воопшто да го правите. Полн погодок!

Балансирајте

Сакате останатата облека да го надополни вашиот изглед и да изгледате комплетно, па дури и да ги покажете другите атрибути кои ги поседувате. Но ако сите луѓе кога ќе ве видат гледаат задник, тогаш имате проблем. На целокупниот изглед додадете топ со цветен принт, марама, или, пак, ѓердан, но секогаш бидете умерени.

Комбинација бр. 1

Оваа лежерна комбинација е одлична за деновите кога се чувствувате мрзеливо, но сепак сакате да изгледате убаво. Веројатно ќе си помислите дека станува збор за премногу „обична“ облека, и дека секој носи фармерки и маичка, но сепак, секоја точка во оваа комбинација има своја специфична цел – да го нагласи, дополни или, пак, затегне вашиот задник.

Одберете фармерки кои ќе бидат избледени на бутовите и на задникот. Додадете колан, затоа што тој ќе го насочи вниманието кон колковите, а овие сандали со мала потпетица фино ќе ги дефинираат нозете и задникот. Маичката и ѓерданот фокусот визуелно го насочуваат кон вашата горна половина.

Комбинација бр. 2

Оваа комбинација ги следи истите основни принципи како и комбинацијата погоре, но во некоја посредена варијанта. Марамата врз оваа блуза во линии ќе ја одржува комбинацијата балансирана, а тесното здолниште ќе биде добар контраст. Кој изјавил дека не можете во исто време да носите црно, кафено и сиво, дефинитивно има недостиг на имагинација. [Dressing for Your Body, Which Happens to be Awesome: Big Booty Edition]

- Реклама -