Објавени спецификациите на очилата Google

Google ја објави листата од технички спецификации за своите очила.

Google очилата поседуваат 640 x 360 дисплеј за кој Google тврди дека е еднаков на екран од 25 инчи со висока резолуција кога се гледа на оддалеченост од 2.5 метри и камера од 5 мегапиксели која е во состојба да снима 720p видео.

Очилата поседуваат и 16GB flash меморија, а 12GB ќе му бидат на располагање на корисникот и ќе биде можна синхронизација со Google cloud storage.

googleglassbrin_large_verge_medium_landscape

Кога животот на батеријата е во прашање, компанијата тврди дека очилата без проблем ќе успеат да издржат еден ден со типична употреба, но напоменува дека користењето на некои апликации ќе трошат значително повеќе батерија.

Очилата поддржуваат 802.11b/g WiFi и се компатибилни со било кој Bluetooth телефон.

- Реклама -