Cinedays Festival of European Film ја објави Гала Програмата на фестивалот во која ги прикажува најновите и најнаградуваните европски изданија, дел од нив овојпат, од Канскиот фестивал 2024 директно во јули на скопскиот !
Отварањето на Cinedays Festival е со премиера и концерт EFTERKLANG: MAKEDONIUM BAND
По што следат
The substance на Coralie Fargeat, добитник на награда за НАЈДОБРО СЦЕНАРИО и номинација за Златна палма во Кан 2024, хорор – трилерот со спектакуларната изведба на Деми Мур
The Seed of the Sacred Fig на Mohammad Rasoulof, добитник на награда од ЖИРИ, ФИПРЕСЦИ, номинација за Златна палма во Кан 2024, генијална драма на иранскиот легендарен режисер
The Shrouds, на David Cronenberg со номинација за Златна палма во Кан 2024, возбудливиот научно-фантастичен трилер со Винсент Касел
Marcello Mio на Christophe Honore, филм со номинација за Златна палма во Кан 2024, прекрасна француско-италијанска комедија со Кјара Мастројани и Кетрин Денев
Caught by the Tides на Zhangke Jie со номинација за Златна палма во Кан 2024, неверојатно остварување на Жи, базиран на снимки собирани 22 години, импресивна нелинеарна мешавина од фикција и реалност
The Most Precious of Cargoes на Michel Hazanavicius со номинација за Златна палма во Кан 2024, Хазанавициус со анимација која топи срца
The Balalnce на Roman Polanski, црна комедија на Полански со Џон Клиз во главна улога. Критичарите рекоа дека е тотална глупост, ние велиме баш поради тоа и треба да се види.
Гала програмата на затварањето на фестивалот е следна
Coup de chanced на Woody Allen, уште еден мастерпис на легендарниот Вуди. Брилијантно и прекрасно.