Објавена е првата фотографија од свадбата на Џесика Симпсон

Џесика Симпсон конечно се омажи минатиот викенд, а сега е објавена и првата фотографија од венчавката.
Познатата американска пејачка и дизајнерка Џесика Симпсон конечно кажа „да“ на својот долгогодишен партнер и татко на нејзините две деца, Ерик Џонсон. И додека папараците ги фатиле гостите кои дошле на свеченоста, сепак не успеале да ги сликаат младенците.

Но, екслузивната фотографија ја добиле Peple списанието кои на својот Инстаграм ја објавил и нејзината прва фотографија од венчавката. Џесика гордо позира во бел превез, а до велата венчаница ќе мора да почекаме малку.

Screenshot_2

На свадбата присуствувале сестрата на Џесика Ешли и нејзиниот вереник Еван Рос, актерката Џесика АЛба со сопругот и децата и многу други. Џесика подготвила изненадување на базенот пред самата церемонија, па гостите можеле да се освежат.

- Реклама -