Марк Твен бил мајстор на сатирата и автор кој ги променил правилата на американската фикција. При крајот на животот, тој издиктирал автобиографија во три тома и дал инструкции истите да не бидат објавени уште 100 години. По навршувањето на еден век од смртта, беше објавен првиот том.
Марк Твен бил мајстор на сатирата и автор кој ги променил правилата на американската фикција. При крајот на животот, тој издиктирал автобиографија во три тома и дал инструкции истите да не бидат објавени уште 100 години. По навршувањето на еден век од смртта, беше објавен првиот том.
Твен, сепак не започнал со работа уште неколку години, додека не се сетил на вистинскиот начин на работа. Тогаш му пишал на својот пријател, Вилијам Дин Хауелс: „Никогаш нема да знаеш колку уживање си изгубил додека не стигнеш до диктираање на автобиографијата“. Твен бил одличен оратор и започнал на работа на своето последно дело, дури кога сфатил оти зборувањето за себе ќе му оди лесно само ако зборува, наместо да пишува. Отпрво се обидел да диктира во новата машина за снимање од Томас Едисон, но зборувањето со машина не му се допаднало. Нему му требало публика, а истата ја нашол во стенографката Џозефин Хоби и писателот Алберт Бигалоу Пејн. Токму Пејн оставил белешки во кои кажува дека славниот Твен најчесто диктирал од својот кревет, облечен во ноќница или пак шетајќи низ собата, мафтајќи со рацете. На тој начин, за три години, успеал да издиктира 2 илјади страници пишувани на машина.
Како што би се очекувало од Марк Твен, неговата автобиографија содржи повеќе општествени коментари отколку емотивни признанија. Твен имал навика во текот на диктирањата да земе весник, да прочита нешто и да започне остро и сатирично да коментира, притоа не одбирајќи за кого и против кого ќе зборува.
До сега, низ годините, биле објавувани само одредени извадоци од автобиографијата, главно затоа што издавачот мислел дека се премногу смели да бидат објавени тогаш. Исто така, самиот Марк Твен сакал читателите да чекаат еден век по неговата смрт за да ја видат интегралната верзија. Историчарот Роберт Хирст вели дека оваа верзија е најблиску до она што го замислил авторот и дека се додадени и неуспешните почетоци на диктатите, за читателот да добие комплетна слика за големиот писател. На моменти, тоа може да го отежни читањето, но Хирст го пренесува советот од Марк Твен: „Ако нешто ви е здодевно, прескокнете го“. [‘The Autobiography Of Mark Twain’: Satire To Spare]