Објавен документарниот филм по повод годишнината од смртта на Игор Маџиров

По повод одбележување на 13 години од смртта на актерот Игор Маџиров на фан страната на Фејсбук вчера беше објавен документарниот филм „Интервју за Игор“.

Игор Маџиров (детето со црвената коса) беше еден од најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија. Неколку генерации деца го знаат од серијалот „Светот на бајките“, а имаше и бројни улоги на театарските штици и на ТВ екраните.

Познат по улогите од серијалот „Во светот на бајките” во кои го глумеше „Малиот Петар”, „Петар Гаван”, улогата во „Пред дождот” – нашиот кандидат за Оскар, но и по многу други улоги во Театарот за деца и младинци. Во неговиот матичен театар, во периодот од 1993 до 2000 година Игор Маџиров глумеше во над 500 одиграни претстави, меѓу кои „Могли” -детето од џунглата, „Убавицата и Ѕверот”, „ Крале Марко”, „ Пуфи Паф”, „Спомени во ноќта”… Ако на тоа се придодадат уште толку во приватниот театар “Мира Лектира” ќе се стигне до импозантната бројка од 1.000 одиграни претстави за деца.

Прочитајте и:  Култната претстава „Хотел 88“ на 30-ти ноември во Скопје

547774_441848329223794_1585348426_n

На најмладите во ’90-тите Игор Маџиров им се претстави и во 9 светски познати бајки во продукција на МТВ, а во пет од нив ги одигра главните улоги. Последната претстава во неговиот живот беше „Убавицата и Ѕверот” која ја одигра осум часа пред неговата смрт.

Маџиров имаше само 30 години кога во сѐ уште нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балконот од неговит стан, а единствен сведок на тој немил настан остана неговата тогашна девојка.

Документарниот филм „Интервју за Игор” (детето со црвената коса) е инспириран од животот, делото и смртта на актерот Игор Маџиров.

Снимен е во соработка со неговите пријатели, колеги и со дозвола на семејството Маџирови.

Во продолжение може да го погледнете

[youtube]http://youtu.be/YlBYqKZhS_I[/youtube]

- Реклама -