Обилниот појадок е главната причина за дебелеењето

Неодамна спроведените истражувања покажаа дека луѓето кои обилно појадуваат во просек внесуваат по околу 400 калории дневно повеќе од потребното.

Неодамнешните студии на едни германски научници го негираат мислењето дека обилниот појадок резултира со смалување на внесувањето на калории во текот на остатокот на денот. Истражувачите на универзитетот во Минхен утврдиле дека количината на внесените калории за појадок не влијае на количината на калориите внесени за време на ручекот и вечерата.

Според нивните зборови, токму контролата на калориите внесени за појадок можат да помогнат во губењето на вишокот килограми. Во истражувањето учествувале околку 400 испитаници кои биле следени во текот на две недели.

Лицата кои за појадок внеле 400 калории повеќе од просечното, имале целодневно внесување кое било 400 калории повеќе од просекот, што покажало дека појадокот треба да биде помал доколку сакате да се решите од вишокот на килограми.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок
- Реклама -