Грчки државјанин се обидел да прошверцува 13 мигранти во Македонија, пред да биде фатен од пограничните служби.
Настанот се случил на граничниот премин Богородица, со товарно возило од марката „Рено“, со бугарски регистарски таблички.
Во возилото имало специјален бункер веднаш зад кабината во којшто биле скриени луѓето.
Против грчкиот државјанин е поднесена кривична пријава за организиран криминал за кривичното дело криумчарење на мигранти.