Претседателот на Венецуела Николас Мадуро бил цел на атентат за време на негово обраќање на воен собир во Каракас.
Два дрона се судриле и експлодирале. Повредени се седум специјалци од безбедносните служни.
Мадуро изјави дека го преживеал нападот „благодарение на Бога, народот и армијата“ и ја обвини Колумбија и американската држава Флорида каде живеат голем број жители од Венецуела во егзил за „десничарскиот заговор да го убијат“.
Тој изјави дека неколку организатори се уапсени, но не откри детали.