Мажите кои носат едноставни бели маици имаат најголема шанса да им изгледаат на жените секси. Ова е докажано во новото истражување на Универзитетот во Нотингам.
Обичната бела маица има ефект на илузија, односно поради недостатокот на работи што би го одземале вниманието, нормално развиеното машко тело ќе го истакне V-обликот, кој е симбол за мажественост.
Според обработените податоци од ова истражување, најмногу ќариле мажите кои не се во форма и немаат стомак. Тие добиле скоро 24% повеќе гласови при носење на едноставна бела маица отколку било која друга облека.
Оние мажи кои биле во добра физичка кондиција и имале мускулесто тело, при носењето на бела маица, сосема малку им се зголемил процентот на атрактивност. Тие на истражувањето биле први без разлика на каква облека носеле.
Додека оние мажи кои имале барем мал пивски стомак, поминале најлошо. Односно, белата маица го зголемувала вниманието на нивниот стомак, па најмалку биле атрактивни за женскиот пол.
Инспирацијата за ова истражување го добиле од луѓето што работат со мода. Овие професионалци го знаеле фактот на белата илузија и сеуште го користат во нивниот бизнис.