Откриена е скандалозна тајна од индустријата за чоколади. Тужби за најголемите произведувачи.
Тужба поднесена во понеделникот ги обвинува најголемите светски производители на чоколада дека свесно искористувале деца во Африка како евтина работна сила.
Училиштето „Милтон Херши“ во Пенсилванија денес е една од најбогатите образовни институции во светот. Основано е во 1909 година како сиропатилиште за „бели“ момчиња, а доделени му се 30 проценти од идната заработувачка на компанијата Милтон С. Хершиј по неговата смрт.
Благодарение на успесите на големите фабрики за чоколада, училиштето денес вреди неверојатни 7,8 милијарди долари.
Денес тука учат околу 2.000 ученици, а училиштето има контролен интерес во Хершиовата компанија вредна 22,3 милијарди долари, светски позната по производството на чоколада.
Иронично е тоа што индустријата чиј што корени се во заштитата и образованието на децата, според обвинувањата, користи какао кое го берат децата работници во западна Африка.
Во тужбата која ја поднесоа тројца граѓани на Калифорнија стои дека компанијата е виновна поради лажно рекламирање, бидејќи не открива дека се наслонува на работата на децата робови за пакувања на производите.
„Без да признае, компанијата ги лаже потрошувачите и несвесно ја поддржува работната сила на децата робови“.
Оваа тужба е нов пристап на стар проблем: длабоката, мрачна не до толку скриена скандалозна тајна во чоколадната индустрија. Пред 15 години се појавија првите тужби околу робовладетелската работа во рамки на оваа индустрија што предизвика голем бес во јавноста. Во западна Африка се наоѓаат две третини од засадите на какао во светот. Какаото е главна состојка во чколадата, околу кое што е создадена цела една индустрија вредна 90 милијарди долари.