ОАЕ: Казнети 46 фудбалери, заради непримерни фризури

Фризура за суспензија.

Еве и една бизарна фудбалска приказна, а од каде ако не од Обединетите Арапски Емирати…

Таму Дисциплинската комисија FS казни дури 46 играчи заради „недолични фризури“.

Фудбалерите засега добија само условни казни и рок до кога мораат да ги сменат фризурите. Ако не се придржуваат на одлуката на сојузот, им се заканува парична казна и суспензија.

Меѓу играчите кои мораат да ја променат фризурата е и една од најголемите ѕвезди на лигата и првиот напаѓач во репрезентацијата на Гана – Асамоа Џијан, како и играчот за врска на репрезентацијата на ОАЕ и најдобриот азиски фудбалер за 2016-та – Омар Абдулрахман.

Фудбалските судии во ОАЕ имаат право да им забранат настап на играчите ако нивната фризура е „непримерна“. Слични правила постојат и во соседна Саудиска Арабија. Така, пред неколку сезони, голманот Валед Абдула мораше на шишање заради „неисламска“ фризура.

 

- Реклама -