О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа

Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ. Со малку работа може да ги направиме работите подобри. Планот за раст е многу поразличен од претходните понуди на Унијата и вели – „ајде да ја завршиме практичната работа“. Секој од лидерите ја препознава и согледува важноста од напредувањето, но е подготвен и да го преземе политичкиот ризик. Се надевам дека ќе постигнеме промена и дека ќе им понудиме можност на граѓаните во целиот регион, порача денеска помошникот државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн во обраќањето на лидерскиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Скопје.

Според О’Брајaн, во процесот никој нема никого да блокира, ниту има право на вето. Никој нема да го сопре другиот да напредува поради некакви нерешени билатерални спорови, а секоја земја што ќе се обиде да го направи тоа, ќе се соочи со последици.

Во следните неколку месеци се очекуваат и практични иницијативи, а освен за слободниот проток на луѓе, стоки и услуги и за единствената европска зона за плаќање, меѓу лидерите се разговара, како што откри О’Брајaн, и за други идеи како што се производството, преносот и трговијата на електричната енергија.

Од денешниот состанок, напомена, се очекуваат конкретни механизми за имплементација. Точно ќе се знае кој ќе ги спроведува, а за тоа ќе биде и одговорен.

-Лидерите синоќа имаа вечера и разговаравме за ова – со малку работа, може да ги направиме работите подобри. Ставот на САД е јасен, ние долго ги поддржуваме аспирациите за ЕУ на овој регион. Никогаш не сте биле поблиску, а напредокот не води уште поблиску до постигнување на придобивките. Ова е прашање на надеж зашто ЕУ постојано иновира, а Планот за раст е многу поразлична од претходните понуди, вели – „ајде да ја завршиме практичната работа“. Зборуваме за слободите – за слободата на единствениот пазар, за слободно двиење на стоките и услугите и тоа се случува во и надвор од овие општества. САД ја поддржува идејата, ние имаме потрошено околу 200 милиони долари за помош на овој регион и ќе останеме посветени на ова, но сега сме фокусирани да го внесеме регионот на единствениот пазар. Што ќе одлучиме денес да правиме во практични рамки? Прво ќе почнеме да ги идентификуваме специфичните иницијативи видливи за бизнисите и граѓаните во регионот, истакна помошникот државниот секретар.

Според него, кога ќе се постави Единствената европска зона за плаќање, придобивките ќе бидат големи и тоа ќе го почувствува секој. Секој поединец што ќе префрла пари во и надвор од регионот ќе заштедува по пет отсто што е подобрување за џебот на луѓето. Со „зелените коридори“, пак, бизнисот значително ќе се подобри. Во овој сегмент има напредок, оцени, но целта е да се постигне уште повеќе – водење бизниси преку граница, во регионот, работа на луѓето во Европа.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

-Со Единствената европска зона за плаќање секој поединец ќе заштеди пет отсто. Секогаш кога ќе се префлраат пари од и надвор од регионот, а тоа е значително подобрување во џебовите на луѓето. Второ се зелените ленти – порано камионите поминуваа преку 80 отсто од времето во чекање на границите на Западен балкан, тоа значи дека е невозможно да се води бизнис што ќе зависи од меѓуграниолни трансфери зашто многу се чека и незивенсо е кога работите ќе се испорачаат на пазарите. По ова прашање имаше допбар напшредок, се обидуваме да псотигнеме уште поголлме напредок, ќе глеаме као ода го надградиме сетоа. Целта е граѓаните на земјите да имаат бизниси во регионот, преку граница, да работат во европа.

-Трошоците ќе се намалат речиси за два пати, компании од ЕУ ќе може да аутсорсираат во регионот што е огромна придобивка. Почнавме дискусии за подобрување, за други идеи, како производство, пренос и трговија на електрична енергија, ќе продолжиме со нив како што ќе напредуваме, а во следните неколку месеци ќе треба да имаме практични иницијативи. Денес треба да развиеме механизам за имплементација – на крајот на денот ќе имаме идеја за специфична група луѓе кои ќе ги развиваат иницијативите и треба да ги испорачаат. Политичките лидери се подготвени да го преземат политичкиот ризик. Ќе има многу работа од која очекуваме голем напредок. Во овој процес никој нема да блокира никого, нема право на вето, никој нема да го сопре другиот да напредува поради некакви нерешени билатерални спорови, секоја земја која ќе се обиде да го направи тоа ќе се соочи со последици. Со ова го поставуваме чекорот, ја поставуваме динамиката. Мала група земји ќе одлучува како ќе напредува, а ако некоја земја сака да чека, да набљудува, тогаш граѓаните на таа земја ќе одлучат дали тие политички лидери се вистинските, потенцира О’Брајaн.

Пред него на состанокот се обратија премиерот Димитар Ковачевски и генералниот директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија Герт Јан Копман. 

МИА

- Реклама -