За овој италијански рецепт ви е потребно: 2 шолји слатка павлака за готвење, 2 шолји маскарпоне, ванилин шеќер или екстракт од ванила, 2 жолчки, 2 лажици шеќер, 2 шолји Нутела, 2/3 шолја полномасно млеко, 12 бисквити, какао во прав за горниот слој
Подготовка:Ставете ги жолчките заедно со шеќерот во длабок сад. Матете додека добро не се соединат, а потоа додадете ја павлаката и ванилата. На крајот додадете го маскарпонето и нежно измешајте со лажица додека не добиете убав бел крем
Обичното млеко ставете го во тенџерче на оган и додадете 1 лажица Нутела. Мешајте додека млекото не се загрее и не се соедини со кремот. Тргнете го настрана добро да се олади.
На кратко, потопете ги бисквитите еден по еден во течноста и наредете ги на дното од садот.
Врз наредените бисквити, намачкајте слој од белиот крем со павлака.
Остатокот од Нутела кремот додадете го во течноста во која ги потопивте бисквитите. Добро промешајте и истурете ја целата смеса врз првиот бел слој од тирамисутото
Врз ова нанесете го остатокот од белиот крем. Добро измазнете и посипете со какао.
Оставете го добро да се олади пред да го послужите