Доколку е вашиот број еден, би требало да ги довршите незавршените работи и да ги реализирате целите кои одамна сте ги зацртале. Ќе имате доволно енергија, мотивација и сила.
Не е сеедно кога сте родени и кои броеви ви се наменети.
Како да го израчунате биоритмичкиот број? Тој е всушност збир од броеви од денот и месецот на вашето раѓање, сведен на едноцифрен. Ако сте на пример родени на 27. март ( 2+7+3+1+2+3 = 18 =1 +8 =9)
Еден
Би требало да ги довршите сите незавршени работи и да ги реализирате целите кои одамна сте ги зацртале. Ќе имате доволно енергија, мотивација и сила, особено ако се занимавате со нешто кое што подразбира друштвено ангажирање, а тоа пред се се однесува на единиците кои се занимаваат со спорт.
Двојка
Ова е година во која можете дазапочнете многу од она што претходно сте размислувале и мечтаеле, безразлика дали се работи за љубов или финансии. Бидете упорни и немојте да се откажете од своите цели, а раководете се по инстиктите, а не по логиката на нештата. Би требало да имате резервен финансиски фонд.
Тројка
Влегувате во година во која вашиот талент и креативен потенцијал би можел да дојде до полн сјај. На многу тројки ќе им се укаже можност за патување, нови љубовни авантури и дружење со пријателите. Годината е особено наклонета за тројките кои се занимаваат со уметност или спорт.
Четворка
Во Новата година би требало да се посветите на образованието и стручното усовршување, особено ако сте млади, а ве очекуваат и чести патувања надвор од земјава. Бидете реални и проценете ги сопствените можности и потенцијали, па направете си работен план. Рекреацијата и промената на начинот на исхрана ќе бидат многу важни за личен напредок.
Петка
Во оваа година, ќе работите напорно за да постигнете некои важни цели. Наспроти препреките и ограничувањата ќе бидете во ситуација да пробате нешто сосема ново, што може да ви донесе соодветни промени на работното место. Чувајте ги зглобовите, поради поголема подложност кон повреди.
Шестка
Пред вас е година на љубов, романтични средби и познанства, дружење со млади луѓе, патување и учење. Доколку сте во зрели години, веројатно ќе посакате да внесете некои промени во вашиот животен простор, да се адаптирате или да ги проширите станот и куќата. Односите со членовите на семејството се од клучно значење за вас.
Седмица
Дојде време да го унапредите своето знаење, особено ако се занимавате со некоја креативна работа. Новата година ќе ви донесе можност за заљубување, брак или заеднички живот со партнерот. Со оглед на тоа што сте љубител на ризиците, ќе бидете во ситуација брзо да донесете важни одлуки.
Осмица
Ве очекува професионална и финансиска сатисфакција со оглед на тоа што во датумот на раѓање, како и во 2015. имате осмица, број кој симболизира моќ, пари и силна волја. Би требало да внимавате во сообраќајот.
Деветка
Во следната година, би требало да се сконцентрирате на финансиите, особено ако планирате да вложите пари во некоја самостојна дејност. Доколку се занимавате со уметност или со медициа, годината ќе биде погодна за усовршување и ширење на активноста.