Нуклеарни кошмари:20 години од Чернобил

chern2pПред 20 години, во
предвечерието на 26 Април 1986, екипата која работеше на нуклеарниот
реактор бр.4 во Чернобил прими специјални инструкции од Москва да
изведе експеримент. Пред почетокот, сите безбедносни модули беа
исклучени. Верижната реакција што следеше потоа неможеше да се
контролира.

chern

Пред 20 години, во предвечерието на 26 Април 1986, екипата која работеше на нуклеарниот реактор бр.4 во Чернобил прими специјални инструкции од Москва да изведе експеримент. Пред почетокот, сите безбедносни модули беа исклучени. Верижната реакција што следеше потоа неможеше да се контролира.
 
Експлозија го разнесе 1000 тонскиот кров на зградата. Големи количества на радиоактивни елементи беа лансирани високо во атмосферата и се раширија низ целата северна хемисфера. Беа потребни 36 часа за да бидат соопштени плановите за евакуација и 10 дена да се изгаси огнот кој беснееше.
 
Фотографиите на Роберт Кнот од регионите Мајак, Семипалатинск, Чернобил и Томск-7 направени 20 години подоцна се сведоштво за медицинските, економските и социјални последници кои сеуште траат во Источна Европа.
 
Сликите на Роберт може да ги погледнете овде. Поминете со маусот на секоја за дополнителен коментар.
- Реклама -