Сите ноќни птици сакаат да живеат во Њујорк, што најмногу се должи на енергијата на градот, бурните забави и елитните ресторани, но и филмскиот маркетинг чија што моќ не смееме да ја потцениме.
Големото јаболко е познато по тоа што со само едно движење со метро, можете да ја поминете вечерта од претстава на Бродвеј, музика во живо или светски познат ресторан до некој спортски настан.
Се разбира, животот во овој жив град чини доста. Ако некој решил да живее во Њујорк, можеби треба да ги прегледа следниве факти за „длабочината на џебот“ на Њујорчаните, пред да си купи билет во еден правец.
Трошоците за неопходни сметки за живеачка годишно изнесуваат 43 519 долари, или 3 627 долари месечно.
Поголем дел од оваа сума оди за станбени трошоци – околу 1 163 долари месечно. Кон потребните трошоци спаѓаат живеалиште, храна, превоз, здравство, даноци и други. Така, за едно четиричлено семејство основните трошоци изнесуваат 98 722 долари годишно, или 8 227 долари месечно.
Просечната цена на куќите е цeли 410 400 долари.
За споредба, просечната цена на куќите во САД е 188 900 долари. Тоа значи дека стандардната месечна рата за хипотека за заем изнесува 2 117 долари.
Станува збор за 30-годишна хипотека со фиксна камата. За да може човек да си дозволи станови со цена што движи околу просекот за Њујорк, треба да заработува околу 91 000 долари годишно.
Повторно за споредба, просечниот годишен приход во САД е 52 250 долари.
Во Њујорк храната е неверојатна, но исто така чини доста. Цените на храната во Њујорк се меѓу 28% и 39% повисоки од просечните за земјата.
Ако човек одлучи да се храни надвор, тоа е уште помалку достапно. Просечно, вечера за двајца во ресторан чини околу 145 долари.
Даноците во Њујорк се меѓу највисоките во САД. За четиричлено семејство тие изнесуваат околу 1 277 долари.
Трошоците за паркинг во Менхетен изнесуваат во просек, 533 долари во месецот, што е повеќе од двојно отколку во други скапи градови како на пример, Лос Анџелес.
Ако го изберете градскиот транспорт пред сопствен автомобил, месечната карта ќе ве чини 116.50 долари (или 2,75 долари за еднократен билет за метро). Цените се доста поразумни од оние за паркинг, но и покрај тоа се за 75% повисоки од просечните за САД.
Една посета на кино чини околу 14 долари, што е доста над просечната цена во САД која изнесува 10 долари.
Ако сте љубители на ноќниот живот, едно излегување во Њујорк чини во просек 82 долари. Сумата вклучува билет за настанот, транспорт и трошоци за храна и пијалаци.
Оваа базна цена од 82 долари може брзо да скокне со неколку коктели.
Просечната цена на алкохолните пијалоци во градот е помеѓу 12 и 17 долари.
Оние кои сакаат да ја задржат добрата спортска форма, плаќаат околу 90 долари месечно за фитнес, што е највисока цена во САД. Следните најскапи месечни карти за фитнес во САД ги има во Вашингтон, по цена од 70 долари за 30 дена.
Ако пак сакате да сте меѓу најбогатиот 1% од жителите на Њујорк, вашата плата треба да достигнува најмалку 608 584 долари годишно. За оние кои се меѓу најбогатите 5%, е доволна и плата од 246 596 долари.
Прчитај повеќе: Дали знаете колку пари му должи Џои на Чендлер?