Летото и топлотните бранови се хорор за урбаното живеење, и покрај тоа што многу од градовите имаат реки и езера. Овие обично се забранети – заради небезбедност, загаденост или едноставна негрижа на властите. Во некои земји е дури и забрането да се опуштате на тревниците во парковите, па ви остануваат само климатизираните станови или скапите членарини за базен.
Во Берлин не е така. Берлин и Германија се родното место на движењето Freikörperkultur (FKK) (во 1898 е формиран првиот клуб, во Есен), што во превод значи „Култура на слободното тело“. Ова движење се залага за натуристичен (гол) пристап кон спортот и општественото живеење. Тоа значи да ја искусуваш голата природа т.е. да бидеш гол ти самиот, без директна поврзаност на голотијата со сексуалноста. Следбениците на FKK ги викаат традиционални натуристи, FKK-ери или најпросто – нудисти.
Германското нудистичко движење беше првото на светско ниво, и го означи стартот на отвореното прифаќање на јавната голотија во Германија. Како резултат на тоа, денес има многу малку легални рестрикции на јавната голотија во земјата, до тој степен што е дозволена во многу од парковите.
Фотографката Ана Тополеану од Романија се прошета по градските паркови во Берлин и направи неколку фотки од голите берлинци за време на паузата за ручек.