Новото Mini во топлес верзија

Кабриолетот на новата генерација Mini е претставен официјално неколку дена пред своето деби пред публиката на автосалонот во Токио.

Како и останатите модели на британската марка, отворената верзија „пораснала“ во споредба со неговиот претходник.


Димензиите на новиот кабриолет се 3.821×1.727×1.415 mm, што значи дека е подолго за 98, пошироко за 44 и повисоко за 4 mm. Меѓуоскиното растојание е 2.8 метри. Со исклучок на тврдиот покрив дизајнот на автомобилот е целосно идентичен со стандардната изведба.


Покривот се собира и отвора за 18 секунди при брзина до 30 km/h. Зголемените димензии на кабриолетот се одразиле позитивно на обемот на багажникот, кој веќе има 215 литри или 25% повеќе (160 l со соборен покрив). Капацитетот може да порасне дополнително со спуштање на задното седиште. Купувачите имаат повеќе можности за индивидуализација. Во понудата за бои ина два нови колорити (Caribbean Aqua и Metling Silver), а покривот може да биде насликан како британското знаме.


Новото Mini Cabrio ќе се нуди со два мотори со зафатнина од 1,5 литри. Бензинскиот развива 136 КЅ и 220 Nm (230 во режим overboost), а дизелот – 116 КS и 270 Nm (300 во режим overboost). Најбрзата верзија S ќе се опреми со 2.0-литарски турбомотор со моќност од 192 коњи и максимален вртежен момент од 280 Nm (300 во режим overboost). Агрегатот ќе се комбинира со 6-брзински автоматски менувач, забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 7.1 секунди, а максималната брзина достигнува 228 km/h. Во подоцнежна фаза палетата ќе се збогати со буџетска верзија One со 1.2-литарски мотор со 101 КЅ, помоќна дизел модификација SD (1.6, 170 КЅ) и топ варијанта JCW со 231 КЅ.


- Реклама -