Новото Audi RS4 ќе се нуди и како седан

Следната генерација на Audi RS4 повторно ќе биде понудена како седан. Последната генерација на моделот беше достапна само како караван.
Одлуката за враќање на седанот е со цел да се зголеми продажбата на RS4 на пазарите во Кина и САД, каде што има сериозен интерес за слични автомобили. При тоа во Audi немаат намера да се откажат од караванот Avant. Веќе е познато дека следното RS4 ќе нема 4,2-литарски атмосферски V8 со 450 КЅ, чие место ќе биде заземено од твин-турбо V6 со моќност од околу 500 КЅ. Техничкиот директор на Audi, Улрих Хакенберг, призна дека за овој мотор ќе биде користена електрична турбина, благодарение на која ќе биде избегната турбо-дупката и ќе бидат подобрени еколошките перформанси на моторот.

Претходниот седан Audi RS4 се произведуваше во периодот 2006-2008 година, а беше опремен со 4,2-литарски V8 со 420 КЅ. Новата генерација ќе биде претставена во март следната година, на салонот во Женева.

- Реклама -