Марија Веселинова не ни сонувала низ каков хорор ќе помине после нејзиното вообичаено купување храна за нејзиното шестмесечно бебе.
Имено, Новосаѓанката забележала дека нешто се движи во кутијата со оризови снегулки од германскиот производител „Milup“. На нејзино изненадување, се покажало дека станува збор за голем, дебел црв, со црна глава, кој згрозената мајка го фотографирала, а потоа и ја сочувала кутијата со цел да се пожали кај надлежните за случајот.
„Најзагрижувачки е тоа што нашето бебе веќе изеде еден оброк од оваа амбалажа. Црвот беше голем и го забележавме, но стравуваме дека во кутијата се наоѓале и помали ларви кои не се видливи со голо око“, кажала вознемирената Марија.
Производите на „Mulup“ можат да се пронајдат во секоја аптека, поголема продавница, или одредени парфимерии.
„Амбалажата е оригинална, а рокот на траење важечки. Навидум, се изгледа во ред“, изјавила Милица, тетката на бебето, која веднаш ја известила санитарната инспекција.
Тие пак, за српски „Блиц“ изјавиле дека се уште чекаат официјална пријава, по што ќе превземат одредени реакции.